Косовската пратеничка се извини за спорната фотографија
![Косовската пратеничка се извини за спорната фотографија](https://gdb.rferl.org/786CE0B9-2666-4749-80B4-3103EA1183EA_cx52_cy26_cw35_w800_h450.jpg)
Пратеничката на владејачката Демократска партија, Флора Бровина по испитувањето во полиција им се извини на граѓаните на Косово, посебно на жените кои биле жртви на сексуално насилство и на нивните семејства. Бровина за време на пленарна седница во косовскиот Парламент објави фотографија за тврдеше дека е доказ за сексуалното насилство за време на војната во Косово. Таа изјави дека можеби се работи за фалсификуван документ кој е злоупотребен околу 2003 година кога и бил предаден додека ја извршувала функцијата, претседател на Комисијата за исчезнати личности.
„Еден активист ми го предаде документот во плико и рече дека можам да го употребам и дека личноста е жива“, рече Бровина.
Таа порача и дека точноста на документот ќе ја потврдат државните органи. Во меѓувреме косовски медиуми утврдија дека фотографијата е преземена од интернет страница со порнографски содржини, а обвнителството покрена истрага за случајот. Невладини организација соопштија дека Бровина и нанела голема штета на косовската заедница и на досегашната работа со жртвите на сексуалното насилство за време на војната во Косово.