Бројката на заболени од морбили во постојан раст, вкупно 1524 случаи
![Бројката на заболени од морбили во постојан раст, вкупно 1524 случаи](https://gdb.rferl.org/062232B9-59E2-4CD8-8214-517EE0DC1199_w800_h450.jpg)
Доктор Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје денеска изјави дека се задржува трендот на регистрирање на голем број на заболени од мали сипаници во државата. Таа информираше дека бројот на новорегистрирани заболени во изминатата недела изнесува 134 што е највисоката бројка од почетокот на епидемијата.
Од заболените 48 се од Скопје, а останатите 86 се од десет други градови со што вкупниот број на зафатени градови. Вкупниот број, како што информира Кузмановска, е во постојан пораст и последната бројка изнесува 1.524. Најголем број регистрирани или речиси половина се возрасни лица над 30 годишна возраст.