Русија и Холандија постигнаа договор за бродот на „Гринпис“
![Русија и Холандија постигнаа договор за бродот на „Гринпис“](https://gdb.rferl.org/8637E31B-98A5-42BC-B02F-CFD7BAF6F155_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Русија и Холандија го решија повеќегодишниот спор во врска со запленувањето на бродот на „Гринпис“ во 2013 година, за време на протестот поради руската платформа за нафта на Арктикот.
Во спогодбата објавена денеска, вклучено е Москва да плати околу 2,7 милиони евра за компензација за штетите што ги претрпе бродот со холандско знаме.
„Руската Федерација и Кралството Норвешка дојдоа до целосно и конечно решение за сите заеднички побарувања кои произлегуваат од инцидентот“, соопшти норвешкото Министерство за надворешни работи во заедничко соопштение со Русија.
Во спептември 2013 година демонстранти на „Гринпис“ претсетираа против дупчењето за нафта на руската државна компанија „Газпром“ во водите на Арктикот. Активистите, од кои двајца се искачија на платформата, велат дека таа претставува опасност за кревкиот екосистем на Арктикот.