Времето денеска ќе биде сончево и топло
![Времето денеска ќе биде сончево и топло](https://gdb.rferl.org/E9A23661-456B-4744-A71A-CBE3AE92E57B_cx0_cy0_cw46_w800_h450.jpg)
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен јужен ветер.
Максималните дневни температури во Скопје ќе достигнат 25 целзиусови степени, а во Маврово 18, Охрид 21, Битола 25, Кавадарци 26, Крива Паланка 23, Берово 21, Дојран 28 степени.
Утре попладне, особено на северот од земјата ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, краткотрајно засилување на ветерот, грмежи и ќе има услови за појава на град. Вдолж Повардарието и на исток ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.
Од понеделник повторно ќе имаме променливо облачно време со локална појава на нестабилност со пороен дожд, краткотрајно засилување на ветерот, грмежи и ќе има услови за појава на град. Дневните температури ќе се движат од 20 до 28 степени.