Холандија, Шведска и Австралија фаворити на Евровизија
Во обложувалниците се прогнозира дека Холандија, Шведска и Австралија влегуваат како фаворите на вечерашното финале на Евровизискиот натпревар за песна на годината. Евросонг ќе се одржи во Израел - земјата која победи на минатогодишниот натпревар. Поп легендата Мадона треба да настапи на Евровизија.
За настап на Евровизија учесниците од повеќето земји поминаа низ претходна конкуренција за да се квалификуваат за финалето, додека пет европски земји - Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Шпанија - како и земјата домаќин Израел добија директно учество.
Македонската претставничка Тамара Тодевска се квалификуваше за учество на Евровизија за време на полуфиналето, заедно со Русија, Белорусија, Србија и Азербејџан.
Евровизија првпат беше одржана во 1956 година, со цел обединување на Европа по Втората светска војна, но годинашниот настан во Тел Авив предизвика загриженост меѓу приврзаниците на Израел и палестинските поддржувачи. Палестинците планираат алтернативен настан наречен Глобалвизија, кој ќе се одржи во исто време.