Во Иран казна затвор за тројца писатели
Судот во Иран осуди тројца писатели на вкупно 18 години затвор откако ги обвини за злосторства против националната безбедност. Реза Кандан Махабади, Бакташ Абтин и Кајван Бајан, се осудени за "пропаганда против државата" и "дејствување против националната безбедност", а казната за секој од нив е шест години затвор.
Нивното судење, наводно, се одржало на крајот од април.
Тројцата се членови на Иранското здружение на писатели, кое беше под притисок од страна на властите.
"Ова судење не е само осуда на тројца писатели. Тоа е осуда на сите писатели и други кои сакаат да уживаат во правото на слободно изразување ", се вели во соопштението на Здружението, во кое се сугерира дека властите не дале никакви солидни докази за да ги поднесат обвиненијата.
Во изјавата објавена претходно овој месец, Меѓународниот П.Е.Н. изрази загриженост во врска со судењето на тројцата писатели, и ги повика иранските власти да ги отфрлат сите обвиненија против нив и да го почитуваат нивното право на слобода на изразување.