Рама нема да поднесе оставка
![Рама нема да поднесе оставка](https://gdb.rferl.org/5378A31B-05BE-4553-9541-EEC24F5F4BF8_cx51_cy4_cw49_w800_h450.jpg)
Албанскиот премиер Еди Рама на денешната срдба со кандидатите за градоначалници на 61 општина рече дека од власт може да си оди единствено ако тоа од него го побараат оние кои го гласале, а не по барање на опозицијата.
" Од оваа должност си заминувате само тогаш кога од Вас ќе побараат оние кои ви ја довериле таа задача, со гласање, на избори или како претставници на народот во Собранието. Не мислам дека
сум непогрешлив, или дека не сум направил грешка. Не, воопшто не си одам од оваа задача, бидејќи во секоја насока започната со вас и сите кои ни веруваат и не поддржуваат нема да ги оставиме на сред пат", рече Рама.
Тој го обвини лидерот на опозициските демократи,Љуљзим Баша,дека сака власта да ја земе насилно, а не со гласови.
Во меѓувреме Обединетата албанска опозиција ги продолжува протестите против премиерот на Албанија Еди Рама, а следниот е планиарно да се одржи на 25 мај. Од февруари, кога почнаа, по до сега, опозицијата одржа 11 протести.