Маратонецот Георгиев трчаше долж Коридор 8
![Маратонецот Георгиев трчаше долж Коридор 8](https://gdb.rferl.org/96A45515-8E74-43AE-B173-D7FAF7DE4CBD_w800_h450.jpg)
Маратонецот Краси Георгиев денеска трчаше во Скопје долж Коридорот 8, а го поддржаа министерот за финансии Драган Тевдовски, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и атлетичари од Атлетската федерација. Георгиев ќе продолжи со трчање долж Коридорот 8. Трасата е долга 1000 километри и вклучува над 20 градови од Бугарија, Македонија и Албанија.
Целта е да се испрати порака за поврзаност на економиите и граѓаните на трите земји преку спортот. Коридорот 8 ги поврзува Јадранското и Црното море, а поминува и низ Македонија.
Во земјава долж Коридорот 8 се градат проекти од патната и железничката инфраструктура кои ќе ги поврзат западната и источната граница.
Ултра-маратонот насловен Поврзаност, се организира по идеја на бугарскиот европратеник д-р Андреј Ковачев и согласно со политиката на Европската унија за Западниот Балкан за поврзување на инфраструктура, економии и луѓе. Настанот се одржува под покровителство на премиерите на трите земји – Зоран Заев, Бојко Борисов и Еди Рама