Во нереди во затвор во Таџикистан убиени тројца чувари и 29 затвореници
Таџикистанското министерство за правда соопшти дека тројца затворски чувари и 29 затвореници загинале во нередите кои избувнале во затвор кој се наоѓа на 15 километри од главниот град Душанбе. Според министерството, пет затвореници биле убиени од лицата кои ги започнале нередите додека останатите загинале додека властите се обидувале да воспостават ред.
Нередите започнале кога околу 30 затвореници кои биле припадници на милитантни групи, вклучувајќи ја и Исламската држава убиле тројца чувари. Во соопштението се наведува дека затворениците биле вооружени со ножеви и остри предмети.