Британија му порача на Иран да не ги потценува САД
Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант денеска им порача на иранските власти да не ја потецнуваат одлучноста на САД. Според него, доколку Иран ќе нападне американските интереси, тогаш администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе возврати.
"Тие не сакаат војна со Иран, но ако се нападнат американските интереси, тие ќе се одмаздуваат. И тоа е нешто што Иранците треба да размислуваат многу, многу внимателно", истакна Хант на маргините на Светското здравствено собрание во Женева.