Белорусија сака да увезува нафта од Казахстан
Белорускиот претседател Александар Лукашенко преложи отворање на разговори со Казахстан за можна испорака на нафта во Белорусија. Русија го прекина протокот на нафта преку рускиот гасовод Дружба поради контаминација што предизвика удар на светскиот пазар.
Лукашенко говорејќи по средбата со казахстанскиот амбасадор во земјата Јермукхамет Јертисбајев порача дека Минск би сакал да го прошири увозот на нафта. Јерстисбајев изјави дека Казахстан е подготвен да испорачува нафта во Белорусија, но по претходен договор со Русија.