Стапи на сила декретот за распуштање на украинскиот Парламент
Декретот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за распуштање на Парламентот стапи на сила. Составот на новиот законодавен дом ќе биде избран на 21 јули за кога се закажани парламентарните избори. Зеленски повика изборите да бидат спроведени врз основа на гласањето за политичките партии, а не за кандидатите.
Тој посочи дека според сегашниот систем некои пратенички места се кои се пополнети од индивидуални кандидати ја фаворизира корупцијата. Но, на итната седница на Врховната Рада вчера, само 92 пратеници гласаа да разговараат за предлогот на Зеленски, далеку помалку од мнозинството, при што потребни се 226 гласови за точката да се стави на дневен ред.