Богоевски поднесе оставка од пратеничката функција
Пратеникот Павле Богоевски денеска понесе оставка од функцијата за време на комисиската расправа за одземање на мандатот на поранешниот премиер Никола Груевски. Богоевски порача дека донела таква долука, бидејќи го почитува гласот на јавноста.
„Гласот на јавноста беше повеќе од очигледен. Не може пратеник кој се борел за правда и еднаквост на правото да ги крши законите. Не може. Затоа ќе поставам пример кој се надевам сите ќе го следат, каде што етиката и моралот ќе бидат над желбата за функцијата. И како што неколку пријатели на фејсбук напишаа ќе си ја гушнам одговорноста и ќе си ги понесам последиците, моралните и етичките, но и правосудните, никогаш, никогаш не сум бегал од нив“, рече Богоевски.
Оставката на Богоевски ќе стапи на сила по собраниска седница на која ќе се расправа и за барањето за одземање на мандатот на Груевски.