Ременски: Вељановски да поднесе оставка од Комисијата за надзор на УБК
Потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска-Ременски на денешната затворена седница на Комисијата за надзор на работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање, го праша директорот на УБК Горан Николовски дали смета дека поранешниот претсеадтел на Собарнието, а сега пратеник Трајко Вељаноски и натаму треба да е имател на безбедносен серификат з а државна тајна.
„Дали имателот на безбедносен сертификат за државна тајна Трајко Вељаноски може да гледа строго класифицирани документи и материјали токму од тие кои најдоа докази за организаторите и насилниците на 27 април 2017, а со кои тој е обвинет?" кажа Ременски.
„Го повикувам Вељаноски од морални и правни причини да си даде оставка од Комисијата за надзор на УБК и АР да си поднесе оставка, зашто го прави потенцијален безбедносен ризик за користење на овие строго доверливи документи“, рече потпретседателката на Собранието.
Вељановски е еден од осомничените за настаните на 27 април во Собранието, а пред три месеци неуспешно заврши обидот на Собранието да му го одезме мандатот.
" Oд аспект на тоа кој ги води комисиите, нема голема разлика морализирањето на статусот на Павле Богоевски на неутврдена вина и нанеповедена постапка за истрага, наспроти статусот на пратеникот Трајко Вељановски на кој што ова Собрание не можеше да му го одземе имунитетот заради солидарноста на неговите сопартијци, а е под сомнение и при крај на поведување на обвинителен акт за здружување
заради непријателска дејност односно за организација на насилните настани на 27 април во Собранието " рече Ременски.