Пентагон размислува да испрати уште 5.000 војници на Блискиот Исток
![Пентагон размислува да испрати уште 5.000 војници на Блискиот Исток](https://gdb.rferl.org/917E6E1F-4349-459E-9E26-69E02D7240E3_w800_h450.jpg)
Пентагон го анализира американското воено барање да испрати уште 5.000 војници на Блискиот Исток, поради зголемените тензии со Иран, објави Ројтерс, цитирајќи американски официјални лица.
Официјалните претставници, кои во анонимност заборувале за Ројтерс, рекле дека Централната команда на САД го поднела барањето, но оти не е јасно дали Министерството за одбрана ќе го одобри тоа.
Односите меѓу Техеран и Вашингтон се влошија откако во минатата година претседателот Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор за иранската нуклеарна програма по што воведе санкции врз Иран.