САД со нови обвиненија против Асанж
![САД со нови обвиненија против Асанж](https://gdb.rferl.org/B8AA2101-DFB5-44CB-BE0C-4B3E1E488826_w800_h450.jpg)
САД покренаа ново обвинение против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, тврдејќи дека ги довел во сериозна опасност со објавување на повеќе илјади строго доверливи документи, меѓу кои и имињата на доверливите извори на оружените сили. Американското министерство за правда издаде обвинение против Асанж од 18 точки.
Во новото обвинение, меѓу другото се тврди дека Асанж правел заговор со поранешната разузнавачка аналитичарка Челзи Менинг во обид да пристапи до доверливи информации, вклучувајќи и извештај на Стејт департментот за војните во Ирак и Авганистан.
Во моментов 47- годишниот Асанж се наоѓа во затвор во Лондон, откако Еквадор му го укина азилот и го спречи натамошниот престој во амбасадата на оваа земја во Британија.