Меј најави оставка од премиерската функција на 7 јуни
![Меј најави оставка од премиерската функција на 7 јуни](https://gdb.rferl.org/BB23D6B5-E5B6-40D1-8AD6-33383F4C4796_cx0_cy4_cw0_w800_h450.jpg)
Британската премиерка Тереза Меј денеска најави дека ќе се повлече од функцијата на 7 јуни, по повиците од нејзината владејачка Конзервативна партија да направи пат за избор на нов лидер кој ќе оствари напредок во плановите за Брегзит.
„Сега ми е јасно дека е во најдобар интерес на нашата земја нов премиер да ги води тие напори. Затоа денеска соопштувам дека ќе понесам оставка како лидер на Конзервативната партија во петок на 7 јуни“, рече Меј.
Таа порача дека нејзиниот наследник мора да постигне компромис во Парламентот за усвојување на планот за Брегзит. Меј истакна и дека ќе остане на функцијата се додека не биде избран нов лидер на нејзината партија.