Зеленски и Меркел разговарале за конфликтот во источна Украина
![Зеленски и Меркел разговарале за конфликтот во источна Украина](https://gdb.rferl.org/58D61671-10B7-4314-9D8F-A400CA3DA9C0_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Новиот украински претседател Володимир Зеленски и германската канцеларка Ангела Меркел телефонски разговарале за напорите да се стави крај на конфликтот во источна Украина. Кабинетот на Зеленски соопшти дека двајцата лидери се согласиле оти е потребно да се обноват мировните напори, вклучувајќи го таканаречениот формат Нормандија, според која на маса заедно ќе седнат Украина, Русија, Германија и Франција.
Во соопштението се наведува дека Зеленски планира во блиска иднина да разговара и со францускиот претседател Емануел Макрон. Портпаролот на германската Влада соопшти дека Меркел и Зеленски се согласиле за потребата од целосна имплементација на сегашните мировни договори.