Иран предупредува на анархија на Блискиот Исток
![Иран предупредува на анархија на Блискиот Исток](https://gdb.rferl.org/2C2472C5-2702-42B9-BEDE-4B583108A997_cx0_cy4_cw0_w800_h450.jpg)
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф денеска предупреди на анархија на Блискиот Исток доколку светските сили не се обединат да ја запрат, како што ја нарече американската агресија.
Односите на Иран и на САД се нарушени откако американскиот претседател донесе одлука за повлекување од нуклеарниот договор, а потоа и за воведување на нови санкции врз Техеран. Зариф ја даде изјавата при посетата на Пакистан каде се сретна со премиерот Имран Кан и со министерот за надворешни работи.