Се зајакнува соработката со Црна Гора во областа на здравството
Министрите за здравство на Македонија и на Црна Гора, Венко Филипче и Ќенан Храповиќ денеска во Подгорица во рамки на официјалната посета и заедничка седница на двете влади се договориле за продлабочување на соработката во повеќе области, како што се имунизација и воведување на нови вакцини, развој на програми за скрининг и рано откривање на малигни заболувања, развивање на патронажни сервиси и здравствена заштита во рурални подрачја, регионализација на давање здравствени услуги, надминување на предизвиците со кои се соочуваат двете земји како што е одлив на медицински кадар и можности за размена на искуства, знаења
и експертиза меѓу двете земји.
Министерот Филипче најавил дека со црногорските колеги ќе сорботуваат во делот на медицински туризам, односно користење на ресурсите и капацитетите на детската кардиохирургија за пациенти од Црна Гора кои имаат потреба од тоа и користење на центарот за рехабилитација во Игало за македонските државјани.
Министерот Храповиќ нагласил дека преку активностите кои ќе се одвиваат меѓу двете земји, како што е размената на кадри, воведување на телемедицина меѓу клиничките центри во Скопје и Подгорица, развојот на медицинскиот туризам и споделувања на искуства, најголем бенефит ќе почуствуваат граѓаните на двете земји.