Либиската стража спасила околу 300 мигранти
![Либиската стража спасила околу 300 мигранти](https://gdb.rferl.org/4A73D1A4-2652-410D-8EC4-791A49B25865_w800_h450.jpg)
Либиската крајбрежна стража спасила околу 300 мигранти во две операции соопштија денеска од либиската поморска служба. Вчера на околу 50 километри јужно од Триполи биле спасени 87 мигранти, меѓу кои шест жени и едно дете. Истиот ден во друга операција биле спасени 203 мигранти, кои биле на брод кој се наоѓал на 140 километри од главниот град на Либија.
Сите мигранти биле вратени во Либија и покрај противењето на меѓународните организации за човекови права, бидејќи во Либија владее хаос откако во 2011 беше соборен поранешниот лидер на земјата Моамер Гадафи.