Помпео ќе ја посети Германија на 31 мај
Посетата на американскиот државен секретар на САД, Мајк Помпео на Германија, која беше откажана поради итни и неодложни работи, повторно е закажана овојпат за 31 мај, соопштија денеска од германската влада.
Помпео требаше да ја посети Германија на 7 мај и да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, но посетата беше откажана, бидејќи американскиот секретар отиде во ненајавена посета на Ирак.
Од американскиот Стејт департмент соопштија дека Помпео ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, а потоа ќе ја продолжи турнејата низ Европа.
Портпаролката на германската влада соопшти дека Меркел во разговорите со Помпео ќе подвлече дека напнатите односи меѓу САД и Иран мора да се решат мирно.