Русија подготвена да се вклучи во преговорите за кризата во Венецуела
![Русија подготвена да се вклучи во преговорите за кризата во Венецуела](https://gdb.rferl.org/D8A1CA29-11AD-49FF-802B-6D956221E922_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Руското министерство соопшти дека Москва е подготвена да земе учество во преговорите меѓу Владата и опозицијата во Венецуела кои ќе се одржат во Осло, доколку учесниците сметаат дека тоа би било корисно.
Според соопштението, Русија ги поздравува напорите за продолжување на преговорите, но предупредува на обидите на надворешните сили за поставување на ултиматуми на властите во Венецуела. Норвешка пред два дена соопшти дека ќе биде домаќин на повторните преговори за тоа како да се одговори на политичката криза во Венецуела.