Германскиот претседател во посета на Узбекистан за поддршка на реформите
![Германскиот претседател во посета на Узбекистан за поддршка на реформите](https://gdb.rferl.org/43F2F3F9-9DEC-4EE7-9405-CFC752CAF89B_cx0_cy11_cw56_w800_h450.jpg)
Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер од денеска е во тридневна посета на Узбекистан со цел зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји.
На неговата посета се гледа како и на дел од напорите за зајакнување на патот на Узбекистан кон спроведување на реформите откако претседателот Шавкат Мирзијаев дојде на власт во 2016 година. Мирзијаев се обидува да стави крај на изолираноста на азиската земја за време на владеењето на неговиот претходник Ислам Краимов.