ЦИА ги правда состаноците со руски претставници
Директорот на ЦИА Мајк Помпео изјави дека нема ништо лошо во среќавањето меѓу американски и руски разузнавачи. Претходно лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер упати критики поради тоа што двајца шефови на руските разузнавачки служби кои се под санкции на САД и ЕУ добиле дозвола да влезат во Соединетите држави. Помпео во писмо до Шумер наведува дека и претходните американски влади се сретнувале со руски разузнавачи и оти теми на неодамнешниот состанок во Вашингтон биле борбата против тероризмот и безбедноста во авио сообраќајот.