Загревањето го забрзува растот на нивото на морињата
Најновите сателитски податоци покажуваат дека топењето на ледената покривка на Гренланд и на Антарктикот го забрзува растот на нивото на морињата. Научниците наведуваат дека со сегашната стапка, светските океани до крајот на овој век би биле во просек над 60 сантиметри повисоки од сегашната состојба. Студијата е базирана врз сателитски податоци собрани во изминативе 25 години. Со ова се потврдени претходните предвидувања и компјутерски симулации дека трендот постојано се забрзува.