Трамп: Патрик Шехенен, привремен министер за одбрана
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави вчера дека привремен министер за одбрана наместо Џејмс Матис од 1 јануари ќе биде Патрик Шенехен, кој му беше помошник на Матис. „Задоволство ми е да ви соопштам дека нашиот многу талентиран помошник министер за одбрана Патрик Шенехен ќе биде на местото привремен министер за одбрана од 1 јануари 2019 година“, напиша Трамп на Твитер. Матис кој во четвртокот поднесе оставка, требаше до крајот на февруари да ја извршува функцијата до наименувањето нов министер.