Димитров во посета на Пендаровски во Вилата Водно
Подобра соработка меѓу претседателот и министерството за надворешни работи и потребата од пополнување со кадар на дипломатско -конзуларните претставништва, како и состојбите во регионот биле дел од темите за разговор на средбата меѓу претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Од кабинетот на Пендаровски велат дека тие се согласиле оти е потребно конкретна и суштинска соработка меѓу Кабинетот на претседателот и Министерството за надворешни работи за прашањата од споделена надлежност, во функција на усогласен настап на меѓународен план и реализација на стратегиските цели на државата.
Во соопштението е наведено дека на средбата се разговарало и за очекувањата заодредување на датум за пристапни преговори со Европската унија.