Авганистански политичари и талибански преговарачи на средба во Москва
Во текот на оваа недела се очекува во Москва да пристигнат високи авганистански политичари и преговарачи од талибанските редови. Оваа потенцијална дводневна средба ќе следува откако претходната која беше закажана минатиот месец во Катар беше откажана.
Портпаролот на талибанскиот преговарачки тим Забиулах Муџахид изјави дека 14 челна делегација од нивните редови ќе присуствува на церемонијата на 28 мај по повод воспоставување на дипломатски односи меѓу Русија и Авганистан. Тој додаде дека делегацијата ден потоа ќе се сретне со авганистанските политичари и старешини во Москва без да соопшти повеќе детали.