Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Февраль
2019

Новости за 19.02.2019

АВМУ го осуди однесувањето на Јовановски кон новинарката Јордановска

SlobodnaEvropa.mk 

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“ Бојан Јовановски кој вербално и се заканил на новинарката на агенцијата „Макфакс“ Мери Јордановска поради нејзините јавни критики за емисијата „Македонски инсајдер“. “Секој вид на притисок или закана од страна на лица на менаџерски позиции или блиски до нив врз новинари, претставува загрозување и кршење на слободата на изразување и информирање. Ваквите појави негативно се одразуваат на слободата и независноста на медиумите... Читать дальше...

Загина градежен работник на објект во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Градежниот работник М.А.(33) од тетовското село Челопек, загинал вчера на објект во изградба на улица „Лондонска“ во Скопје, што го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала Речица. Како што соопшти МВР, вчера во 15 часот било пријавено во СВР Скопје, дека додека М.А. се обидувал да натовари железна арматура на кран, арматурата се откачила и од висина од околу два метра паднала врз него. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Читать дальше...

Во Романија од грип досега починаа 135 лица

SlobodnaEvropa.mk 

Романските здравствени власти соопштија дека во таа земја од грип починале уште четири лица, со што смртниот биланс се искачи на 135 лица. Романската агенција Аџерпрес наведува дека најмладото починато лице имало 26 години, а најстарото 87 години. Кај сите четири лица бил потврден вирус на грип од типот А и ниту еден од нив не бил вакциниран.



Македонци или Бугари - различни толкувања за историски личности

SlobodnaEvropa.mk 

Македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања продолжува да работи на таканаречените спорните точки во учебниците по историја во двете земји. Прличев, Климент и Наум Охридски, цар Самоил, Гоце Делчев се дел од личностите за кои комисијата ќе дебатира дали да се препорача заедничко чествување.

Случај „27 април“- судењето продолжува со завршни зборови на обвинетите

SlobodnaEvropa.mk 

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Вчера завршни зборови дадоа дел од обвинетите. Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица. На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ... Читать дальше...

Кина ги обвини САД дека го блокираат нејзиниот развој

SlobodnaEvropa.mk 

Кинеската влада го обвини Вашингтон дека и го блокира индустрискиот развој на Кина откако потпретседателот на САД Мајк Пнес изјави дека технолошкиот гигант Хауавеј и други кинески телекомуникациски фирми претставуваат закана по безбедноста. Од кинеското Министерство за надворешни работи е соопштено дека Пекинг нема намера да ги корсити кинеските компании за собирање податоци за странските фирми. Хуавеј ги отфрли обвинувањата дека овозможува шпионирање за кинеската држава.

Опколени екстремисти на ИД одбиваат да се предадат

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе од 300 екстремисти опколени во областа Багуз на истокот на Сирија и натаму одбиваат да им се предадат на курдските сили кои ја имаат поддршката на САД. Екстремистите кои се кријат меѓу цивилите во селото се обидуваат да издејствуваат преговори за заминување од областа. Се наведува дека тие барале коридор до бунтовничката провинција Идлиб на северозападот на Сирија, како и тоа да ја напуштат областа заедно со цивилите.

Харадинај: Цел свет ја знае границата меѓу Косово и Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му порача на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „цел свет знае каде се границите меѓу Косово и Србија“. Харадинај со оваа изјава му одговори на претседателот на Србија, кој на меѓународната конференција во Минхен изјави дека „не се знае каде е границата со Косово“. „Изјавата на претседателот Вучиќ дека не знае каде е границата е погрешна. Цел свет ја знае границата меѓу Косово и Србија. НАТО ја знае, и НАТО ги чува тие граници, ние ги чуваме тие граници. Читать дальше...



Трамп на суд за граничниот ѕид

SlobodnaEvropa.mk 

Сојуз од 16 американски држави, предводен од Калифорнија, ја тужи администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради неговата одлука да прогласи национална вонредна состојба за да добие средства за изградба на ѕид долж границата меѓу САД и Мексико.

Трамп: предавничко однесување на официјални претставници

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека заменик министерот за правда и некогашниот шеф на ФБИ „судејќи по се планирале многу илегално дело“ при разговорот за уставните начини за да го отстранат од власт во 2017 година. Овој разговор го потврди Ендрју Мекејб, вршител на должноста директор на ФБИ по смената на Џејмс Коми во мај 2017 година. Како што Мекејб изјави во интервјуто, тој и вториот човек во министерството за правда Род Розенштајн во тоа време биле премногу загрижени во однос на... Читать дальше...

Турција запре околу 270.000 мигранти кон ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу изјави дека во 2018 година во Турција, при обидот да заминат во ЕУ, биле запрени 268.000 мигранти кои немале уредни документи. Сојлу рече дека во првите пет недели оваа година се запрени 16.523 мигранти. Од потпишувањето на договорот на Турција со ЕУ во март 2016 година, бројот на луѓе кои немаат соодветни документи, а патувале од таа земја кон Унијата, главно кон блиските грчки острови, драстично е намален.

Времето денеска: сончево со слаб ветер

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од -6 до 2, а дневната од 8 до 18 степени. Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -2, а дневната до 15 степени.

Слободна Европа во 22

SlobodnaEvropa.mk 

Емисија посветена на младите, нивните перспективи и проблеми, како и преглед на актуелностите од Македонија и светот.



Москва

Московский аэропорт Домодедово и Всероссийское общество инвалидов заключили соглашение о сотрудничестве


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин: Москва и Пекин подписали программу сотрудничества на 2024-2026 годы



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Александр Розенбаум

Розенбаум проиграл суд из-за неуплаты счетов за энергоснабжение




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Красногорск первым встретил участников международного супермарафона Москва-Минск

В УФСИН России по Республике Дагестан прошли лично-командные соревнования по легкой атлетике

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады


WTA

Самсонова обыграла Александрову и вышла в финал турнира WTA в Хертогенбосхе



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Мир

Россиянам предложили премиальные туры сразу в 2 страны: рейсы начнутся из 8 российских городов



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России