Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Февраль
2019

Новости за 21.02.2019

Во Тирана нови протести, Могерини и Хан бараат дијалог меѓу власта и опозицијата

SlobodnaEvropa.mk 

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во заедничка изјава околу последните случувања во Албанија побараа дијалог меѓу Владата и опозицијата. Истовремено, тие истакнаа дека протестот е демократско право, но осудуваат секаков акт на насилство и секоја изјава на политичките лидери која поттикнува насилство. Двајцата политичари за одлуката на опозицијата нејзините пратеници да се откажат од мандатите... Читать дальше...

Русковска- законот за амнестија не важи за организаторите

SlobodnaEvropa.mk 

Осомничениот Н.Г. како претседател на политичката партија во тој период ги повикал преку медиум граѓаните на протести и заедно со другите обвинети за таа цел ја ставиле во функција целата партиска структура. Ова денеска на прес конференција го кажа обвинителката Вилма Русковска за истражната постапка за организаторите на случувањата на 27 април 2017 година во Собранието. Таа додаде тој бил во постојан контакт со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски инсистирајќи да ги споменува со иницијали, а не со целосно име и презиме. Читать дальше...



Груевски- доказите за вмешаноста во “27 април” да се објават јавно

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук денеска негираше каква било инволвираност во настаните кои се случија на 27 април 2017 во Собранието. “Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Парламентот и физичка пресметка со пратеници. Напротив, прв од сите политичари веднаш штом дознав побарав смирување на состојбата преку социјалните мрежи бидејќи тој и претходниот ден бев на пат во Виена”, напиша Груевски. Читать дальше...

Судот побарал од Собранието да му се одземе имунитетот на Вељаноски

SlobodnaEvropa.mk 

Барањето од Кривичниот суд во Скопје за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски е испратено до Собранието на Република Северна Македонија. Од Судот за МИА потврдиле дека Барањето за произнесување на Собранието на Република Северна Македонија за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски е испратено до законодавниот дом. Според Деловникот, претседателот на Собранието по добивањето на барањето веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Читать дальше...

Заев денеска на средба со Касами за заеднички кандидат за претседател

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев денеска попладне во Клубот на пратениците ќе се сретне со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами. Тој во име на коалицијата предводена од СДСМги продолжува разговорите и консултациите со партиите за можностите за заеднички кандидат за претседател на државата. Претходните денови тој се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети, со претседателите на ДПА и на Алтернатива, Мендух Тачи и Африм Гаши, а вчерашната средба со Зијадин Села од Алијансата за Албанците... Читать дальше...

Грција- со писмо до институциите се појаснува примена на Договорот од Преспа

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкото министерство за надворешни работи денеска упати циркуларно писмо до јавните служби со упатство за примена на Договорот од Преспа. Во него се наведува дека новото име на соседната земја Република Северна Македонија важи од 12 февруари за сите употреби, за сите цели и во сите меѓународни и регионални организации, институции и форуми, но и во билатералната службена пошта. Во однос на документите се објаснува дека новото име ќе фигурира во сите документи издадени по 12 февруари, а за време... Читать дальше...

Клубот на млади лекари бара да биде вклучен во моделот за пракса на Министерството за здравство

SlobodnaEvropa.mk 

Клубот на млади лекари соопшти дека од посебна важност е да успее проектот што го најави Министерството за здравство што се однесува на тоа веднаш по дипломирањето, односно добивањето лиценца, тие да добијат можност за шестмесечна практична работа, а потоа да можат да специјализираат. Според нив, станува збор за проект што ќе користи многу пари од буџетот за здравство и поради тоа, наведуваат дека за да успее, треба да се посвети повеќе време во фазата на подготовка и анализирање на моделот. ... Читать дальше...



Власта и натаму спротивно препораките на УНЕСКО за Охрид

SlobodnaEvropa.mk 

Визијата која ја претставува премиерот Зоран Заев за туристичкиот развој на Охрид, не само што е во спротивност со препораките на УНЕСКО и ЕУ, туку е концепт кој развиените држави почнаа да го напуштаат во осумдесетите години на минатиот век, велат активистите од еколошките здруженија.

Собраниска делегација во Виена на Парламентарното собрание на ОБСЕ

SlobodnaEvropa.mk 

Делегација на Собранието на Северна Македонија денеска и утре во Виена ќе учествува на Зимската сесија на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. На агендата на трите генерални комитети на ПС на ОБСЕ ќе се разгледуваат актуелните настани во ОБСЕ и претстојната годишна сесија на Парламентарното собрание што ќе се одржи од 4 до 8 јули 2019 година во Луксембург. Како што информираат од прес-центарот на Собранието, шеф на делегацијата е пратеникот Владимир Ѓорчев... Читать дальше...

Одложена седницата на албанскиот парламент

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на албанскиот Парламент Грамоз Ручи ја одложи пленарната седница закажана за денеска поради закажаниот масовен протест на опозицијата и сознанијата дека ќе имало обид за насилно влегување во законодавниот дом. За одлуката на опозициските пратеници да се откажат од мандатите Ручи рече дека тоа е „политичко самоубиство“ и и нанесува штета на државата.

Од полноќ во Грција само со пасош

SlobodnaEvropa.mk 

Официјално од полноќ при влез во Грција македонскитеграѓани ја минуваат македонско-грчката граница само со пасоши на кои на излез од земјава нашите гранични полицајци им ставаат печат на кој пишува дека патната исправа е во сопственост на Република Северна Македонија, а грчките полицајци за прв пат печати ставаат во пасошите. Досега тоа го правеа на бели ливчиња. Новите правила од Преспанскиот договор грчките погранични служби почнаа да ги применуваат по една недела откако на граничниот премин Богородица... Читать дальше...

Јункер: ЕУ перспективата на Западен Балкан е прашање на војна или мир

SlobodnaEvropa.mk 

Земјите на Западен Балкан треба да имаат вистинска перспектива за членство во Европската унија, бидејќи во спротивно постои ризик од враќање на 90 години од минатиот век. Ова го изјави претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на прес конференцијата во Брисел со словенечкиот претседател Борут Пахор. Притоа Јункер оцени: „Мислам дека тоа е прашање на војна и мир“. Пахор пак посебно се осврна врз Босна и Херцеговина, наведувајќи дека спрема таа земја треба да се биде „суптилен“, но оти тоа... Читать дальше...

Русите за говорот на Путин: бајка со малку реалност

SlobodnaEvropa.mk 

Премногу за надворешните, а многу малку за внтарешните работи. Вака реагираат дел до жителите на рускиот град Екатеринбург на говорот на претседателот Владимир Путин за состојбата на нацијата пред двата дома на парламентот.

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за најновите приведувања

SlobodnaEvropa.mk 

СДСМ реагираше на прес конференцијата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со најновите приведувања на лица осомничени за организирање на настаните во македонското собрание на 27 април 2017 година, меѓу кои и екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Во соопштението се наведува дека Мицковски го бранел Груевски и оти се ставил во одбрана на осомничените насилници и организатори на насилството од 27 април, односно на нападот врз уставниот поредок и темелите на демократијата што се случија тој ден. Читать дальше...

Триесетдневен притвор за Јанакиески и Ристоски

SlobodnaEvropa.mk 

Триесетдневен притвор е определен за Миле Јанакиески и Спиро Ристоски осомничени дека се дел од организаторите за настаните од 27 април во Собранието. Мерката притвор, како што изјави адвокатот Еленко Миланов, им е определена заради опасност од бегство и влијание врз истрагата. Миланов најави дека ќе поднесе жалба, особено за притворот на Јанакиески. „Обвинетиот Миле Јанакиески во моментов има две решенија за притвор така што ако вечерва не го најдат во неговиот дом веројатно ќе побараат да се определи притвор по другиот предмет“, рече Миланов.

Времето денеска: сончево со локална облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од -4 до 1, а дневната од 9 до 19 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу -1, а дневната ќе достигне до 15 степени.



Москва

Московский аэропорт Домодедово и Всероссийское общество инвалидов заключили соглашение о сотрудничестве


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин прибыл в Китай с рабочим визитом



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Дима Билан

Анна Asti и Дима Билан стали лучшими исполнителями по версии премии МУЗ-ТВ




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

В УФСИН России по Республике Дагестан прошли лично-командные соревнования по легкой атлетике

В Лужниках состоялась церемония открытия Всероссийской Спартакиады Специальной Олимпиады

Военно-спортивный фестиваль Росгвардии в «Лужниках» собрал более 20 000 москвичей и гостей столицы


Андрей Рублёв

Теннисисты Рублев, Хачанов и Самсонова не сыграют на Олимпиаде-2024



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Галина Ржаксенская впервые стала участником ПМЭФ в Санкт-Петербурге



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России