Во Грузија продолжија протестите пред парламентот
Неколку илјади луѓе се собраа веќе четврти ден по ред пред парламентот во Тбилиси, барајќи оставка од министерот за внатрешни работи и промена на изборниот законик. Протестите почнаа поради обраќањето на рускиот пратеник Сергеј Гаврил во рамките на состанокот на меѓупарламентарното собрание за православието. Претседателот на парламнетот Иракли Кобахидзеа поднесе оставка.