Во автобуска несреќа во Русија загинаа двајца кинески туристи
Двајца кинески туристи загинале кога автобус се превртел во источниот дел на Русија, при што повредени се возачот и 18 патници, од кои 13 се хоспитализирани.
Автобусот кој превезувал 43 кинески туристи паднал во клисура во близина на градот Усуриск, кој се наоѓа во регионот Приморје. Медиуми јавија дека несреќата се случила откако возачот се пожалил дека не му е добро. Приморје е на границата со Кина.