Медиумската кампања за изборите чинела речиси 4 милиони евра
Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски денеска информира дека медиумската кампања за претседателските избори и за вонредните избори за градоначалници чинела околу 3.760.000 евра.
„По кандидати за двата дела на кампањата до ДИК се доставени извештаи од медиумите и тоа за кандидатот Гордана Силјановска 88 милиони денари, за Стево Пендаровски 80.960.000 денари и за Блерим Река 50 милиони и 500 илјади денари, или вкупно околу 291 милиони денари“, рече Деркоски.
Најголеми корисници на средствата, според него, се Сител ТВ со 10.5 милиони денари, Алсат ТВ со девет милиони денари, исто толку и Телма ТВ, Канал 5 со осум милиони денари, 24 Вести 3.900.000 денари. Од државниот буџет за организација и спроведување на претседателските и вонредните локални избори добиени се над 7, 7 милиони евра.