Заврши полициската акција во северно Косово, уапсен и руски државјанин
Заврши акцијата на специјалните единици на косовската полиција која започна утрината во северниот дел во земјата. Полицијата соопшти дека во акцијата за борба против организираниот криминал, спроведена во општините Звечан, Зубин Поток, Лепосавиќ, Северна Митровица, Јужна Митровица, Србица и Глоговац, се уапсени неколку граѓани и неколку полициски службеници од различни националности.
Претседателот на Косово Хашим Тачи, по состанокот со челниците на безбедносните структури, изјави дека има информација оти меѓу уапсените е и еден руски државјанин, кој се претставувал како дипломат и се обидувал да ја спречи полицијата во вршењето на својата работа.