Американски разузнавачи веруваат дека Русија спроведува нуклеарни тестирања
Американските разузнавачки агенции веруваат дека Русија спроведува нуклеарни тестирања со низок интензитет што може да биде прекршување на големиот меѓународен договор, изјави висок американски воен претставник. Генерал-полковник Роберт П. Ешли во денешниот говор во Институтот Хадсон рече дека се чини оти Русија спроведува тестови „надвор од она што се верува дека е неопходно“. Проблемот, вели тој, е што Русија „не е подготвена да потврди“ дека се придржува до Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестирања од 1996 година.
Овој Договор, кој е ратификуван од САД и од Русија, ги забранува сите нуклеарни експлозии, воени или цивилни, во која било ситуација.
Засега нема коментар од руска страна.
Ова тврдење доаѓа во време кога неколку големи договори за контрола на оружјето се под притисок, поради влошените односи меѓу Вашингтон и Москва.