Одложено сослушувањето за екстрадиција на Асанж во САД
![Одложено сослушувањето за екстрадиција на Асанж во САД](https://gdb.rferl.org/8C5972AE-D7C0-48DC-BD45-3C14E7AABA05_w800_h450.jpg)
Адвокатот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж соопшти дека видео јавувањето за барањето на САД за екстрадиција на неговиот клиент е одложено за јуни, бидејќи тој е премногу болен.
Вашингтон бара екстрадиција на 47 годишниот Асанж, кој во моментов отслужува 50 недели затворска казна во Британија. „Тој е далеку од добро“, изјави неговиот адвокат Гарет Пирс. Викиликс соопшти дека е загрижен за здравјето на Асанж и дека тој е префрлен во затворската болница.