Родилките „стискаат“заби наместо да бараат психолошка помош
Скоро 20 проценти од жените во преднаталниот период имаат ризик по менталното здравје, вели психијатарот Стојан Бајрактаров. Но заради влијанието од средината и притисокот жените речиси и не бараат помош. Пред неколку дена родилка се обиде да се самоубие по породувањето, што отвори широка дебата зошто постродилната депресија е се уште табу тема.