Судењето на Трамп закажано за мај следната година
Судењето на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп во случајот за незаконско задржување на стотици доверливи документи е закажано за мај следната година, одлучи Федералниот суд во Флорида. Судијката Ејлин Канон денеска одреди судењето да биде на 20 мај 2024 година. Датумот е компромис меѓу барањето на обвинителите да го одложат судењето за овој декември и обидот на адвокатите на одбраната да го одложат на неодредено време до претседателските избори во 2024 година. Читать дальше...