Не е момент за предвремени избори, туку за уставни измени, порача европската тројка министри
Европската тројка министри за надворешни работи од Австрија, Чешка и Словачка по средбите со сите политички лидери во Скопје порачаа дека уставните измени се единствената можност за продолжување на европскиот пат на Северна Македонија. До Софија испратија порака да размислува стратегиски.