Определен 48 часовен притвор за таткото на убиената Вања Ѓорчевска
Кривичниот суд во Скопје вечерва го прифати предлогот на Основото јавно обвинителство и му определи 48 часовен притвор на таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, еден од осомничените за нејзиното убиство. Како што наведуваат од Кривичниот суд, притворот е опредлелен заради опасност од бегство и влијание врв сведоци. Тој пред повеќе од два часа беше спроведен во Кривичниот суд кај судија на предистражна постапка. Александар Ѓорчевски се очекува од вечерва да биде сместен во истражниот затвор во Шуто Оризари. Читать дальше...