Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Декабрь
2023

Новости за 05.12.2023

Лех Валенса хоспитализиран поради Ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Лех Валенса(80), поранешен претседател на Полска и добитник на Нобеловата награда за мир, е хоспитализиран како тежок случај на Ковид-19, изјави денеска(5.12) негов соработник, јави „Асошиејтед прес“.   Во објава на Фејсбук, Валенса е прикажан во болнички кревет со маска за кислород и текст „ме погоди ковид“. Неговиот соработник Марек Качмар за полските медиуми изјави дека Валеса е сериозно болен, но има добра нега во болница во Гдањск, балтички пристанишен град каде што живее. Ова е вторпат Валенса да се зарази со корона - вирусот. Читать дальше...

Приведен скопјанец осомничен дека го возел Палевски кон Бугарија и Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Oсновното јавно обвинителство(ОЈО) - Скопје побара Кривичниот суд да определи 48 - часовен притвор за 46-годишен скопјанец кој се сомничи дека го возел Љупчо Палевски - Палчо кон Бугарија и Турција по убиството на Вања Ѓорчевска. „Основаното сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност, Сектор за меѓународна полициска соработка доставено до СВР Скопје во кое е наведено дека лице осомничено дека сторило кривично дело... Читать дальше...

Европскиот парламент праќа набљудувачка мисија на парламентарните избори во Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот парламент (ЕП) ќе испрати набљудувачка мисија за следење на парламентарните избори во Србија, кои ќе се одржат на 17 декември, потврдија од ЕП.  Во вторник на 5 декември се одржа конститутивна средба на која беше договорено оваа мисија да ја предводи европскиот претставник Клемен Грошељ. Делегацијата, која ќе биде дел од пошироката набљудувачка мисија на ОБСЕ, ја сочинуваат шест претставници. Меѓу нив е и известувачот за Србија во ЕП, Владимир Билчик и неговата колешка за Косово, Виола фон Крамон. Читать дальше...



ОЈО: Заврши распитот на таткото на Вања, во основа ги негира дејствата

SlobodnaEvropa.mk 

Во Обвинителството денеска попладне(5 декември) заврши распитот на таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска во врска со нејзиното убиство, за кое тој е осомничен дека споделувал информации со останатите осомничени за нејзиното излегување од дома. Од ОЈО Скопје велат дека во основа, тој ги негирал дејствата.  Малолетната Вања беше пронајдена мртва на 3 декември во близина на Скопје, по пријавата за нејзино исчезнување на 27 ноември годинава. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски... Читать дальше...

Киргистан и Таџикистан се договорија за уште неколку спорни сегменти за границата

SlobodnaEvropa.mk 

Киргистан и Таџикистан се договорија за спорните сегменти за уште 15 милји (24 километри) граница меѓу двете земји, по специјалните разговори за ова прашање минатата недела, известија официјални лица од овие две поранешни советски републики. Државниот комитет за национална безбедност на Таџикистан денеска (5 декември) објави дека разговорите се одржале во северниот град Бустон, во близина на границата со Киргистан. Следната рунда преговори за другите делови на границата ќе се одржи на територијата... Читать дальше...

Палчо - од сомнителен градежник, нереализиран политичар, до осомничен убиец

SlobodnaEvropa.mk 

Медиумски експониран, политички активен. Така може да се профилира осомничениот за двојно убиство Љупчо Палевски - Палчо кој и овој пат им избега на властите. Никој не успеа да го „заузда“ прорускиот „експерт“ кој се прослави со прислушуваните разговори кои ги имаше во сеф, а јавно ги пушташе и по плоштади.

Стејт Департмент: Забрана за влез на Кочо Анѓушев во САД

SlobodnaEvropa.mk 

На поранешниот заменик премиер Кочо Анѓушев му е забранет влез во Соединетите Американски Држави, како што е наведено, „поради вмешаност во значителна корупција“, соопшти Стејт Департментот. „Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во владините институции и во јавни процеси. Денешната акција покажува дека САД стојат со оние во Северна... Читать дальше...

Отворени очи и искрен разговор со децата за траумите по убиството на Вања

SlobodnaEvropa.mk 

Вознемирени и исплашени се и учениците и родителите по случајот со тинејџерката Вања Ѓорчевска, која беше пронајдена убиена, откако една недела се трагаше по неа. Родителите ги носат децата до училница и се стресуваат кога не крева телефон нивното дете. Психолозите порачуваат училиштата да им понудат психолошка поддршка на децата, а родителите да отворат четири очи.



Македонските средношколци потпросечно писмени, покажаа резултатите од ПИСА тестовите

SlobodnaEvropa.mk 

Македонските ученици постигнаа пониски резултати од просекот на ОЕЦД (Организацијата за економска соработка и развој) на меѓународното ПИСА-тестирање во сите три полиња: читање, математика и наука, покажува најновиот извештај за 2022 година. Просечните резултати за минатата година се полоши од оние во 2018 година во сите три тестирани полиња. Сепак, покрај неодамнешниот пад, резултатите по математика за 2022 година се подобри од оние во 2015 година, додека резултатите по читање и наука се вратиле... Читать дальше...

МВР демантира дека имало обид за киднапирање деца во училиште во Штипско

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи демантира дека во основното училиште „Страшо Пинџур“ во општина Карбинци, Штипско, денеска (5 декември) имало обид за киднапирање на две деца. Информацијата претходно ја објави штипската телевизија ТВ Стар, а ја потврдија и директорката на училиштето Наталија Костова и градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов. Тие велат дека наводно грабнувачите се обиделе да внесат две деца во возилото. „Она што го имам како информација од персоналот и од инспекторите тука на терен е дека имало таков обид... Читать дальше...

Обдукциите на Вања и Панче завршени, се чекаат извештаите на ОЈО

SlobodnaEvropa.mk 

Обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски во Институтот за судска медицина и криминалистика е завршена, но извештаите сѐ уште не се готови, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство Скопје за МИА. Извештајот од обдукцијата треба да ги утврди причините за смртта на малолетничката Вања и велешанецот Панче кои беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември, по нивното пријавување за исчезнување на 27, односно 24 ноември годинава. Читать дальше...

Франција воведе санкции за шефот на Хамас во Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Франција во вторникот (5 декември) го замрзна имотот на шефот на палестинската екстремистичка група Хамас во Газа, Јахја Синвар. Синвар стана најновиот водач на групата означена како терористичка организација од Соединетите држави и Европската Унија и додадена на листата на санкции на Франција, се вели во декретот објавен во официјалниот француски весник. На 13 ноември, Франција, исто така, воведе национални санкции за воениот командант на Хамас Мохамед Деиф и неговиот заменик Марван Иса. Франција... Читать дальше...

Обврските од договорот во Охрид се дел од европскиот пат за Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Обврските од договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, вклучително и анексот за имплементација, ќе бидат вклучени во европските процеси поврзани со Косово. Во нацрт-заклучоците од претстојниот министерски состанок, од Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања, ќе биде побарано да ја ажурира агендата на следната косовска Специјална група за нормализација за да ги одрази обврските на Косово кои... Читать дальше...

Рација во прифатниот центар за мигранти Липа во БиХ

SlobodnaEvropa.mk 

Членовите на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) во вторник (5 декември) извршиле рација во пошироката област на привремениот прифатен центар за мигранти Липа во Бихаќ, северозападно од Босна и Херцеговина. При упадот привремено е ограничена слободата на движење внатре во центарот, а се врши увид на лица, работи и простории со цел пронаоѓање на лица кои нелегално престојуваат таму, како и пронаоѓање нелегално оружје, наркотици и други предмети кои потекнуваат од кривични дела или можат... Читать дальше...

Израел започна офанзива во јужниот дел на Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Сателитските снимки анализирани од агенцијата АП во вторникот покажуваат дека израелската армија започнала копнена офанзива во јужните делови на Појасот Газа во војната против Хамас. По истекот на привремениот прекин на огнот и размената на заложниците кои Хамас ги држеше со Палестинците во израелските затвори, израелската армија започна тешки бомбардирања и копнени судири на југот на Појасот Газа. Снимка објавена од Planet Labs PBS го дава првиот јасен увид на интензитетот и обемот на борбата. Читать дальше...

Поштарот сѐ поретко ѕвони, ниските плати ги избркаа поштарите

SlobodnaEvropa.mk 

Со сопствено возило, искинати торби и прастари униформи, поштарот Сашо Смилевски веќе 34 години разнесува писма во реонот на населба Лисиче. Пратките на граѓаните доцнат и поради недостигот на поштари. А нивните ниски плати се причината поради која тие си одат.

Во Сибир измерени -58 степени Целзиусови

SlobodnaEvropa.mk 

Арктичкото време зафати делови од Русија, а температурата во дивината на Сибир се спушти до минус 58 степени Целзиусови, објавија метеоролозите. Јакутск, еден од најстудените градови во светот, кој се наоѓа на околу 5 000 километри источно од Москва, е покриен со ледени облаци и магла, покажуваат снимките од дронови, пренесува Ројтерс. Температурата во делови од Република Саха, огромен регион малку помал од Индија, кој се наоѓа во североисточниот дел на Сибир, синоќа се спушти под минус 55 степени Целзиусови. Читать дальше...

Иран тврди дека не е вклучен во никакви активности против американските сили

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот претставник во Обединетите Нации, Амир Саид Иравани, изјави дека неговата земја не била вклучена во никакви дејствија или напади против американските воени сили, објави иранската новинска агенција Тасним. Соединетите Држави ги обвинија јеменските Хути поддржани од Иран дека извршиле серија напади во водите на Блискиот Исток откако изби војната на 7 октомври меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас. На прес-конференција во понеделникот, американскиот советник за национална... Читать дальше...

Израелската армија призна дека на секој убиен борец на Хамас во Газа, загинале двајца цивили

SlobodnaEvropa.mk 

Околу двајца цивили се убиени во просек за секој убиен член на Хамас во Појасот Газа, признаа високи израелски воени функционери и рекоа дека војската користи високотехнолошки софтвер за мапирање за да се обиде да ја намали смртноста на немилитантите. Министерството за здравство во Газа под контрола на Хамас наведува дека израелската воена кампања убила околу 15 900 луѓе, главно жени и деца, од нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Запрашан за извештаите во медиумите дека се убиени 5 000 борци на Хамас... Читать дальше...



Москва

К.ВАЛИЕВА, 23 КИТАЙЦА, WADA помогают раскрыть сеть секретных преступных отделов. Дело Скрипалей можно дополнить с пользой.


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин рассказал о строительстве судостроительной верфи в районе Нагатинский Затон



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Юрий Шевчук

Рок-музыкант Шевчук в Дубае рассказал о революции




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Лучшие кадеты ПФО побывали на репетиции Парада Победы в Москве

К.ВАЛИЕВА, 23 КИТАЙЦА, WADA помогают раскрыть сеть секретных преступных отделов. Дело Скрипалей можно дополнить с пользой.

На международной выставке-форуме "Россия" в Москве завершилась тематическая неделя спорта


WTA

Свентек переиграла Соболенко и выиграла титул WTA в Мадриде



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Сергей Собянин на стройке судоверфи в Москве



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России