Пахор - Проширувањето на ЕУ со Западен Балкан е геополитичко, а не техничко прашање
![Пахор - Проширувањето на ЕУ со Западен Балкан е геополитичко, а не техничко прашање](https://gdb.rferl.org/0AABCA48-389F-4899-BF1E-F859764C2AA5_w800_h450.jpg)
Проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан е геополитичко, а не техничко прашање, изјави денеска во Подгорица словенечкиот претседател Борут Пахор.
„Политичката волја за проширување веројатно во иднина ќе биде помала, па затоа наша должност е да имаме визионерски пристап со цел Европа да го види Западниот Балкан како можност“, изјави Пахор на заедничката прес-конференција со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, одржана по нивната средба.
Двајцата претседатели посочија дека разговарале за состојбата на Западен Балкан и за напредокот на Црна Гора во процесот на зачленување во ЕУ.