Гутереш - Само обединета Европа ќе спречи нова студена војна
Генералниот секретар на ОН, Антинио Гутереш, денеска повика Европа да се обедини за да спречи нова студена војна.
„Ако сакаме да спречиме нова студена војна, неопходно е да се воспостави вистински мултилатерален поредок, а за тоа апсолутно е неопходна обединета Европа“, рече денеска Гутереш, кога ја прими престижната меѓународна награда Карло Велики, која се доделува во германскиот град Ахен. Наградата е за придонес за европското единство.
Тој рече дека како генерален секретар како никогаш досега почувствувал потреба од обединета Европа
Според него дошол моментот кога во Европа треба да се обнови довербата меѓу народите и политичките институции, а пред стариот континент се наоѓаат три предизвици – климатски промени, демографски развој и дигитализација.
Наградата Карло велики е востановена во 1950 за придонес кон европското единство. Минатата година наградата ја доби францускиот претседател Емануел Макрон, а досега наградата ја добиле и ангела Меркел, Бил Клинтон, папата Франциско и Јован Павле Втори.