Тевдовски: Плаќање во кеш до 500 евра за намалување на сивата економија
![Тевдовски: Плаќање во кеш до 500 евра за намалување на сивата економија](https://gdb.rferl.org/1A8C9040-C08E-4B8D-9EC9-30F156A7522D_cx4_cy9_cw43_w800_h450.jpg)
Министерот за финансии Драган Тевдовски за време на денешната работна посета во Битола потврди дека од утре стапува на сила законското решение според кое во платниот промет, во кеш ќе може да се плаќа само до 500 евра.
Тој порача дека мерката се спроведува за да се намали сивата економија и затоа што со плаќање на црно, практично се прави штета на граѓаните. Според него, за таа борба има институционален капацитет.