Османи и Димитров: Годинава ќе започнат преговорите со ЕУ
Министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи кои денеска се сретнаа со белгискиот министер за надворешни работи, Дидие
Рејндерс, за МИА велат дека добиле јасни сигнали дека без разлика на тајмингот на одлуката, првата фаза на преговорите со ЕУ ќе започне оваа година.
"Ние инсистираме на јунско-јулските самити затоа што веќе влегуваме во еден непредвидлив период, и поради Брегзитот кој е одложен за октомври, и грчките избори, новата Европска комисија, настани кои го прават понепредвидлив процесот, затоа е нашето инсистирање и има голем број земји членки кои нѐ поддржуваат во овие наши напори дека мора да се искористи овој период. Иако дилемата дали оваа година или не, не постои и не сме ја слушнале ни од најскептичните земји-членки, вели Османи.
Mинистерот за надворешни работи при средбите со земјите членки, во Брисел добил слични охрабрувања.
"Има консензус барем зад затворени врати, има препознавање колку е голем влогот, не само за нас туку за политиката на ЕУ кон Балканот. Во спротивно, вели Димитров, „пораката би била дека ЕУ не дава
европска перспектива за нашиот регион. Сега треба да се бориме тоа да биде со што помалку ризици, затоа сакаме оваа одлука да биде пред одморите“.вели Димитров.