Во судирите во Сирија убиени 950 луѓе
Во борбите во изминатиот месец во провинцијата Идлиб во Сирија загинаа 948 луѓе, а речиси една третина од нив се цивили, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
288 цивили, вклучително и 67 деца, се убиени од 30 април во сириски и руски воен оган. Во извешатајот се наведува дека во милитантниот оган убиени се уште 22 цивили, вклучително и 10 деца на територија што ја има под своја контрола режимот.
Договор беше постигнат во септември, со цел да се спречат борби, но режимот на претседателот Башар ал-Асад и неговите руски сојузници од крајот на април ги зголемија воздушните и ракетните напади врз милитантните упоришта.
Обединетите нации соопштија дека околу 270.000 луѓе биле раселени поарди борбите од крајот на април, а агенциите за помош биле принудени да ја запрат работата во некои области.