Пентагон со ново предупредвање до Турција за руското оружје
Пентагон повторно ја предупреди Турција за последиците од купувањето на систем за противракетна одбрана од Русија.
Кетрин Колбаргер, в.д. помошник-секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања, вчера изјави дека купувањето на ракетен систем С-400 ќе има "катастрофален" ефект врз учеството на Турција во програмата Ф-35 и нејзините односи со членките на НАТО.
"Завршувањето на оваа трансакција би било катастрофално, не само за програмата Ф-35, туку тоа би можело да ја прекине турската интероперабилност со НАТО, ", изјави Колбаргер за време на обраќањето до Атлантскиот совет во Вашингтон.
" Да бидеме јасни. С-400 е руски систем дизајниран да собори авион како Ф-35, и неверојатно е да се замисли Русија да не ја искористи оваа можност. Откако ќе ги внесете руските системи, тоа навистина ги поткопува нашите способноста за одбрана ", рече таа.
Турција, како членка на НАТО, учествува во производството на борбени авиони Ф-35 и има намера да купи 100 од воените авиони.