Трамп: Москва го повлекува персоналот од Венецуела
![Трамп: Москва го повлекува персоналот од Венецуела](https://gdb.rferl.org/CE835DCF-95C5-4E2B-9C8F-5F199049F382_w800_h450.jpg)
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека од Москва добил информации оти Русија ги повлекла повеќето луѓе присутни во Венецуела за поддршка на претседателот на таа земја Николас Мадуро. Русија во март испрати околу 100 војници во Венецуела. Оваа земја се соочува со длабока политичка криза од почетокот на годинава кога лидерот на опозицијата Хуан Гваидо се прогласи за привремен претседател на државата. Него го признаа околу 50 земји, меѓу кои и САД.