Мета повика на предвремени парламентарни и претседателски избори
Албанскиот претседател Илир Мета предложи одржување предвремени парламентарни и претседателски избори во Албанија со цел надминување на политичката криза во земјата
„На 13 октомври и предвремени парламентарни и претседателски избори. Јас ќе се кандидирам за претседател со овие надлежности. Еди Рама и социјалистичкиот Парламент кои не ме сакаат нека предложат кандидат кого сакаат. Ова е патот што ја решава оваа, за жал страшна криза“, изјави Мета на прес-конференција.